Пожар избил во автомобил во кој имало тригодишно дете

Макфакс

17/04/2018

11:20

829

Големина на фонт

а а а

Пожар избил во автомобил паркиран пред сервис за возила во Тетово, во кој се наоѓало тригодишно дете. Возачот на автомобилот го паркирал возилото и го оставил да работи со цел кратко да влезе во блискиот сервис, а во возилото останало неговото тригодишно дете, соопшти МВР.

„Во еден момент од возилото почнал да излегува чад од задниот дел и сопственикот веднаш се вратил и го извлекол детето. Пожарот набргу се проширил во целото возило и тоа целосно изгорело, освен делот кај моторот, кој бил делумно изгорен.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа од Територијална противпожарна единица – Тетово. Причинета била материјална штета од 240.000 денари. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на екипа од СВР Тетово и се работи на целосно расчистување на настанот“, се додава во соопштението на МВР.



Спонзорирани линкови

Маркетинг