Меланија ќе го остави Трамп поради оваа блондинка! Нејзината исповед е шокантна - во собата биле тројца!

Точка

17/04/2018

10:58

10.130

Големина на фонт

а а а

За разлика од останатите љубовници на американскиот претседател, Барбара Мур и натаму го поддржува и го брани.

Поранешната Плејбој зајачица и манекенка Барбара Мур, открила дека американскиот претседател Доналд Трамп со неа ја изневерувал својата тогашна свршеничка Марла Мејплс, која подоцна станала негова втора сопруга, во афера долга шест месеци. 

Барбара раскажала дека со Трамп се запознала на една од неговите забава и дека истата вечер спиела со него, а се потсетила дека имале секс пред нејзина пријателка.

"Сакаше да го запознае мажот со кој се гледам. Му се јавив на Доналд, кој не покани во својот дом, а ние прифативме. Иако беше уморен од патувањето, се напи со нас неколку чаши шампањ и почна да ме бакнува. Работите почнаа да излегуваат од контрола, а пријателката се тргна од нас, но само на столчето во аголот, од каде не гледаше додека имавме секс", рекла Мур за "Daily Mail".

"Доналд беше целосно сконцентрирал на мене, а мене не ми беше проблем дека не гледа, бидејќи бевме добри пријателки, па се однесувавме како да не е тука", додава поранешната манекенка и нагласува дека Трамп не барал да им се приклучи нејзината пријателка. Тврди и дека во ниеден момент не знаела дека актуелниот претседател е во врска со друга жена.

"Бев млада и мислев дека тој е мојот маж. Секогаш ми се јавуваше на телефон и никогаш не беше зафатен кога ми беше потребен", зборува Барбара која преку весниците дознала дека Трамп се оженил. Сепак, за разлика од станатите љубовници на американскиот претседател, Мур и натаму го поддржува и го брани.

"И јас и мојата ќерка гласавме за него. Мило ми е што стана претседател и се чувствувам безбедно додека тој ги држи работите под контрола", вели поранешната манекенка.




Спонзорирани линкови

Маркетинг