Харадинај пристигнува во прва официјална посета на Македонија

Макфакс

17/04/2018

10:50

1.013

Големина на фонт

а а а

Претседателот на косовската влада, Рамуш Харадинај, утре првпат ќе пристигне во официјална посета на Република Македонија.

Од кабинетот на Харадинај соопштија дека тој ќе се состане со својот македонски колега Зоран Заев, како и со други високи функционери од земјава.

Премиерите ќе разговараат за односите меѓу двете земји, а според најавите од Приштина, ќе го договорат и датумот за одржување на заедничката седница помеѓу владите на двете земји. 

Утре во Скопје ќе престојува и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини, која ќе се обрати во македонското Собрание во врска со извештајот на Европската комисија за напредокот на земјава.



Спонзорирани линкови

Маркетинг