„Осуммината на Оушн”: Крадењето никогаш не било толку забавно

Точка

16/04/2018

23:31

4.615

Големина на фонт

а а а

Официјалниот трејлер за „Осуммината на Оушн” пристигна и е полн со најголемите ѕвезди на Холивуд.

Најновиот „Оушн” филм е женски спиноф од франшизата „Единаесетмина на Оушн”, во кој главната улога ја толкува Сандра Булок, како Деби Оушн, сестрата Дени Оушн (Џорџ Клуни) од оригиналните филмови.


Во филмот, Деби Оушн (Булок) добива условна казна и регрутира тим крадци кои ќе ѝ помогнат да го ограбат најголемиот моден настан во годината: Мет Гала.

„Зошто мораш да го направиш ова?” ја прашува Лу, која ја игра Кејт Бланшет.

„Бидејќи сум добра во тоа”, одговара Деби.

Заедно со Булок, остатокот од актерската екипа ја сочинуваат Кејт Бланшет, Минди Калинг, Сара Полсон, Ријана, Хелена Бонам Картер, Ен Хатавеј и многу други.


Не е познато дали Хатавеј е дел од нивната група или жртва на нивниот криминал, но јасно е дека ова ќе биде интересна кражба.

„Осуммината на Оушн” пристигнува во кината на 8 јуни.





Спонзорирани линкови

Маркетинг