Розета Тарп, Нина Симон, Бон Џови, Муди Блуз во познатата „Рокенрол куќа на славните”

Точка

16/04/2018

22:29

3.339

Големина на фонт

а а а

Групите „Бон Џови”, „Муди Блуз”, „Дајр Стрејтс”, „Карс”, како и пејачките Нина Симон и Розета Тарп, се примени во „Рокенрол куќата на славните”.

Ричи Самбора, гитаристот на „Бон Џови”, повторно се придружи на бендот и на церемонијата во Кливленд свиреа хитови како „You Give Love a Bad Name” и „It's My Life”.


„Муди Блуз” ја свиреа „Your Wildest Dreams”, додека „Карс” ја изведоа „Just What I Needed”.


Легендата на соул музиката Нина Симон која почина во 2003 година и мајката на рокенролот Розета Тарп која почина 1973 година, жените кои биле инспирација за многу рокенрол изведувачи, постхумно се примени во „Рокенрол куќата на славните”.


Британските рокери „Дајр Стрејтс”, исто така влегоа во „Рокенрол куќата на славните” во „генерацијата на 2018 година”.


Се тврди дека изведувачите кои имале големо влијание врз развојот и зачувувањето на рокенролот имаат право да бидат избрани и да влезат во овој престижен клуб, 25 години по издавањето на нивниот прв албум или сингл. Одборот од 900 членови одлучува кој ќе влезе во „Рокенрол куќата на славните”.


„Рокенрол куќата на славните”, со седиште во Кливленд, е најпознатиот рокенрол музеј посветен на највлијателните музичари, продуценти и артисти на рокенролот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг