Британските медиуми во паника: Нека не ве залажува тоа што Путин не наредил бомбардирање, еве за колку ќе го уништи НАТО

Точка

17/04/2018

09:50

14.612

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин е способен со својата моќна армија да го уништи НАТО за само 60 часа, истакнуваат британските медиуми.


Ова дошло само неколку часа пред шефот на Кремљ лично да му се закани на Западот дека ќе предизвика хаос во меѓународните односи ако само уште еднаш ја нападнат Сирија. 

"Ако дојде до страшен судир меѓу Америка и Русија, Москва би можела да ја заврши војната за околу 60 часа", пишуваат британските медиуми, повикувајќи се на изјавите на воените експерти кои тврдат дека НАТО и натаму е многу слаб на границите на Руската Федерација, додека таа сила, од друга страна, поседува дури седум моќни армии на тој простор.


Путин моментално е во сериозна предност кога станува збор за краткотрајни судири, па не треба да се зема здраво за готово тоа што не наредил непосреден одговор на акциите на Америка, Франција и Велика Британија на територија на Сирија.

##https://twitter.com/LicorcePony/status/985315351419346944##

Во стратешка смисла постои сериозно сомнение дека Русија е подготвена во краток временски период да упадне во престолнините на најважните членки на НАТО на површината на Европа и да нема адекватна одбрана, наведуваат британските медиуми, што Путин вчера до некаде и потврдил.

Бројни аналитичари навеле дека американскиот претседател Донадл Трамп конечната одлука за започнување на удар на Сирија ја донел кога во јавноста биле обелоденети детали од книгата на поранешниот директор на ФБИ, Џејмс Коми, во која е потврдено дека шефот на Белата куќа во 2003. година имал сексуални односи со проститутки и дека Русите имаат видео записи од тие оргии

Добрите познавачи на меѓународните односи веруваат дека тоа би можело да биде капката која ја прелила чашата кога станува збор за американската акција на сириски мети, а се со цел вниманието да се сврти од скандалот кој се очекувал по објавувањето на книгата на Коми.

Книгата, инаку, излегува во продажба во САД во вторник, а се очекува Коми да открие многу пикантерии за животот на шефот на САД.




Спонзорирани линкови

Маркетинг