Култните Док Мартинс им оддаваат почит на големите британски сликари

Точка

16/04/2018

20:18

5.154

Големина на фонт

а а а

Док Мартинс ги трансформира некои од нивните најстари класични модели на чизми во платна за класични уметнички дела, благодарение на соработката со ликовниот музеј „Tate Britain”.

Како дел од тековната "серија уметници", Док Мартинс 1460 чизми и 1461 чевли се украсени со уметнички дела од мајстори како Хиеронимус Бос и Вилијам Хогарт. Има дури и пар отпечатени со сликата Свети Ѓорѓи и Змејот, во чест на светецот заштитник на Англија.


Најновите модели на колекцијата го слават Џ.М.В. Тарнер и Вилијам Блејк, два моќни примери на британската уметност од крајот на 18-ти век и почетокот на 19-ти век. Секој чевел е обвиткан во уметноста, испуканото масло на платната на Тарнер и бледите бои на илустрациите на Блејк, давајќи им нова димензија на класичните чизми.

Две од најголемите дела на Тарнер, „The Decline of the Carthaginian Empire” (1817) и „Fisherman at Sea” (1796) го красат моделот 1460 Паскал. Док Мартинс користеа текстура од испукана кожа за да ја реплицираат текстурата на платното на Тарнер, одбирајќи примери од неговото историско и пејзажно сликарство. Тарнер беше избран од компанијата, бидејќи тој го отелотворуваше дивиот, безгрижен начин на живот на брендот.


Делото на Вилијам Блејк е пренесено на чизмите 1460, но и на чевлите Док Мартинс 1461. Поет, сликар и графичар, Блејк беше пионер познат по своите слободоумни погледи што му се спротивставија на системот - совршено совпаѓање за компанија која е симбол за подземните супкултури. „Satan Smiting Job with Sore Boils”, делото кое ги краси чизмите 1460, е од епската илустрација на Блејк на „Книгата на Јов”. Завршена во 1826 година, оваа илустрација била неговото последно дело.

Чевлите 1461 се отпечатени со претходно дело на Блејк, „The House of Death”, кое илустрира стих од легендарната поема на Милтон „Paradise Lost”. Светлите, меки бои се совршен и суптилен додаток на серијата.

Па, ако сакате да бидете посебни и да го носите омилениот уметник на вашите стапала, Док Мартинс или познатите мартинки се вашиот избор.

„The House of Death”

„Satan Smiting Job with Sore Boils”



„Fisherman at Sea”

„The Decline of the Carthaginian Empire”




Спонзорирани линкови

Маркетинг