Сè што досега не било кажано за ударот на Сирија: Се знаело дека ќе има напади неколку часа порано, еве како!

Точка

16/04/2018

18:56

7.374

Големина на фонт

а а а

Порталот "Aviationist" објавил статија во која детално го објаснува "тоа што досега никој не го кажал" за воздушните напади на САД, Британија и Франција во Сирија.

 

Ноќта меѓу 13. и 14. април, авиони на САД, Велика Британија и Франција започнале бран напади на мети во Сирија. "Aviationist" носи детали за воздушните напади на темел на базата на податоци "OSINT" и наведува дека повеќето авиони користени во нападот можеле да се следат на јавен домен на интернет.

Првиот знак дека нешто ќе се случи е забележан неколку часа пред нападот

"На ограничената акција и претходело собирање на информации од страна на многу авиони кои прелетувале над источното Средоземно море", пишува "Aviationist".

"Првиот знак дека нешто ќе се случи било невообичаеното присуство на "RQ03 Global Hawk" во близина на Либан и Сирија, неколку часа пред првите ракети да паднат на Сирија".

""RQ-4" летал неколку часа западно од Либан, веројатно со сензори насочени на сириските противвоздушни системи во состојба на висока подготвеност. Авионот потоа тргнал на југозапад, северно од Египет, каде му се приклучил "RC-135V". Потоа изгледало како леталата по собирањето на информациите да ослободуваат простор за бомбардерите кои доаѓаат".

Откриена радио комуникација на авионите на нешифрирани канали

"Меѓу авионите кои биле користени во нападите биле и француските ловци "Rafale", кои полетале од база во Франција, со поддршка од "C-135FR" и британските "Tornado GR4" со ракети "Storm Shadow", кои полетале од Кипар", пишува "Aviationist".

"Иако им биле исклучени транспондерите, присуството на борбените авиони било откриени преку радио-комуникација со агенциите за цивилно воздухопловство , како што е "Athinai ACC", која се одвивала на нешифрирани фреквенции емитувани на интернет страната "LiveATC.net"".

"Интересно, најмалку 2 групи од 5 ловци ги штителе бомбардерите и воените бродови. По првиот бран напади, во кои учествувал и американски "B-1", полетал и "Global Hawk", за да ги процени резултатите од нападот".

"Нападите барале голема поддршка и во нив учествувале седум "KC-135" и "KC-10", кои летале над јужна Европа кон источно Средоземно море. Забележани биле 13 авиони".

"Уште еден интересен авион кој бил следен на интернет по првиот бран напади е бомбардерот "E-11A" стациониран во Кандахар, во Авганистан. Авионот е опремен со систем за воена комуникација "BACN", односно технолошки систем кој им овозможува на авионите чии системи за комуникација не се компатибилни, да разменат информации и да комуницираат. Системот "BACN" исто така се користи во "EQ-4B Global Hawk" авионите".




Спонзорирани линкови

Маркетинг