На Словачка некогаш ѝ се смееле, а сега ја голтаат нејзината прашина: Која е тајната на големиот економски раст на оваа држава?

Точка

16/04/2018

17:42

4.908

Големина на фонт

а а а

По распадот на Чехословачка, словачката економија која тогаш зависела од Чешка паднала за една третина. Денес индустријата сочинува 20 проценти од БДП и 80 проценти од извозот на земјата.


Словачка е една од земјите на ЕУ кои некогаш според развојот биле на самото дно, но денес таа земја ги престигнала повеќето држави од Европа. Денес индустријата во Словачка сочинува повеќе од 20 проценти од БДП, и околу 80 проценти од извозот на земјата. Просечна саатница изнесува 10,5 евра. 

Словачка исто така купува и нови борбени авиони, додека на пример Хрватска, за 12 поволни израелски авиони ќе плати околу три милијарди евра.

Солидарност со работниците

Работниците во Словачка имале ниски плати, но со штрајкови се избориле за зголемување. Во текот на кризата дури и словачкиот премиер Роберт Фико минал една 8-часовна ноќна смена на трака во фабрика, за да се солидаризира со работниците. На тој потег се одлучил откако германските инвеститори и домашните работодавци протестирале против неговиот предлог за законот за зголемување на додатоците за работа навечер и во недела.

По распадот на Чехословачка, словачката економија која тогаш зависела од Чешка паднала за третина. Денес, словачка е меѓу водечките земји во производство на автомобили, со фабрики ширум целата земја. До крајот на оваа година во Словачка свои компании ќе изгради "Jaguar Land Rover".

Братислава сега е меѓу десетте региони со најголем стандард по БДП во ЕУ. Братислава има 53.700 евра по жител, што е за 84 проценти повеќе од европскиот просек. Според податоците на "Eurostat", комплетниот БДП минатата година изнесувал 22,9 милијарди евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг