Вечното скопско дерби ќе се игра во Гостивар

Дерби

16/04/2018

16:34

1.480

Големина на фонт

а а а

Ниту во „Градски Парк“, ниту во „Јане Сандански“, ниту во „Борис Трајковски“-вечното скопско кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје ќе се одигра денеска во Гостивар од 19 часот.

Ова е конечната одлука донесена по проблемите со семафорот во „Градски парк“ и неможноста истиот да се санира навреме и да се обезбедат регуларни услови за игра. Големото кошаркарско дерби требаше вчера да се одигра во Скопје, но поради наведените проблеми беше одложено за денеска со надеж дека сите услови во домот на центарци ќе биде исполнети за спектакл.

Меѓутоа тоа не беше возможно, па под притисок на времето и фактот што мечот мораше денеска да се одигра Работнички неколкуте опции ја избра салата во Гостивар. Според информациите средбата ќе се игра без публика.



Спонзорирани линкови

Маркетинг