Девојчето од снимката од хемискиот напад е живо и здраво, еве што вели

Точка

16/04/2018

16:14

4.985

Големина на фонт

а а а

По хемискиот напад во кој биле убиени околу 70 луѓе во сирискиот град Дума, за време на големата режимска офанзива на бунтовничката енклава во источна Гута, светот го обиколиле снимки од преживеаните кои спасувачите и медицинскиот персонал ги поливаат со вода и се обидуваат да им помогнат, и покрај недостигот на опрема.

Девојчето од таа снимка, кое стои во редот на несреќните во болницата додека ги полеваат со вода и им даваат терапија со инхалатор, се вика Маса. 7-годишната Маса денес е жива и здрава, а "BBC" ја пронашол и разговарал со неа. 

Бомбата не експлодирала туку испуштила гас

"Бевме во Дума во подрумот за време на гранатирањето. Наеднаш фрлија барел бомба која не експлодира. Наместо тоа направи звук "Фшшшшшшш"", вели малата Маса.

"Ни кажаа: "Одете горе, горе, горе”. Дојдовме до последниот кат и паднав на подот. Не можев тоа да го спречам. Мајка ми му кажа на вујко ми: "Мојата ќерка, мојата ќерка". Вујко ми дојде и ме крена. Донесе влажна крпа и ме однесе зад скалите. Медицинската станица беше на крајот од тунелот", вели ова девојче, едно од жртвите на нападот поради кој во саботата САД, Франција и Велика Британија извеле напад на центрите за производство и складирање на хемиско оружје во Сирија.

"Лекарите дојдоа. Еден ме одведе мене, а другите мојата сестра и трчаа. Не одведоа до првата медицинска станица. Потоа не примија, ни ставија инекција и не прскаа со спреј, и тогаш заспавме. Потоа се вративме во подрумот и видовме како ги изнесуваат загинатите. Наместо воздух, вдишувавме мирис на крв", рекла Маса во прилогот на "BBC".

Маса и Малал денес се во камп за бегалци

Маса и нејзината сестра Малал денес се во бегалски камп на северот на Сирија, на подрачје кое и натаму е под контрола на бунтовниците, но ужива и одредена заштита од Турција. "CNN" исто така направил репортажа со нејзиното семејство. Во разговорот со родителите на девојчето, репортерката Арва Дамон дознала дека се криеле во подрумот кога се случил нападот, по што одвај можеле да дишат. Мајката вели дека можела да почувствува дека телото и станува слабо.

"Меѓу два вида на смрт - отровен гас во подрум, или бомби надвор"

"Бевме меѓу два вида на смрт, или од хемиски напад или од бомби на кровот", рекла мајката. Репортерката вели дека и натаму се чувствува остар мирис на ранецот на девојчето, кој родителите уште не го испрале. Девојчето, вели мајката, ја сокрила својата кукла во кутија и и кажала: "Можеби ќе се загушиш внатре, но барем ќе бидеш безбедна од бомбите".

На прашањето на репортерката, мајката на Малал и Маса рекла дека не сака да гледа повеќе жртви во Сирија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг