Хигиеничар претепал малолетник зошто фрлил лименка во училиштето

Макфакс

16/04/2018

15:50

1.042

Големина на фонт

а а а

Малолетник бил физички нападнат од страна на хигиеничарот во основното училиште „Коле Канински“ во Битола кога 14-годишникот турнал лименка од прозорецот додека го чекал наставникот.

Во тој момент хигиеничарот Ј.Т. почнал да му вика да ја фрли лименката во ѓубрето. Кога не го послушал, хигиеничарот најпрвин го турнал по скалите по што го удирал по лицето.

Малолетникот добил повреди и отишол во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош, а го известил и родителот за настанот. Подоцна настанот бил пријавен и од директорот за училиштето. Во тек е истрага за инцидентот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг