Уште еден телефон за гејмери: Запознајте го The Black Shark

Точка

16/04/2018

17:46

1.470

Големина на фонт

а а а

Со новиот паметен телефон наменет за гејминг - The Black Shark, кинеската компанија Xiaomi влегува на пазарот со паметни телефони фокусирани првенствено за играње на игри.

Паметниот телефон наречен The Black Shark е резултат на инвестицијата на Xiaomi во кинеската гејминг компанија наречена Black Shark Technolgy која што веројатно ќе стане дел од Mi.

Првиот гејминг паметен телефон на Xiaomi е црн со зелени детали, па спорем многумина потсетува на веќе добро познатиот гејминг телефон Razer Phone. The Black Shark располага со Snapdragon 845 процесор, до 8 GB RAM меморија, екран со резолуција од 1080p и формат 21:9, како и моќна батерија од 4.000 mAh.


Покрај телефонот, пристигнува и аналоген контролер кој што се поврзува со паметниот телефон на едната страна, а како што пренесуваат кинеските медиуми, The Black Shark има технологија за течно ладење.


The Black Shark со 6 GB RAM меморија и 64 GB интерна меморија ќе е продава по цена од 480 долари. Се очекува овој телефон да биде вистински хит посебно на кинескиот пазар каде што бројни игри за паметни телефони се прилично популарни.


Xiaomi неодамна исто така го претстави својот прв гејминг компјутер - Mi Gaming Laptop.



Спонзорирани линкови

Маркетинг