Chevrolet Camaro добива нов и „опасен“ изглед

Точка

16/04/2018

16:54

3.935

Големина на фонт

а а а

Со новиот, агресивен изглед и детали, може да се каже дека Chevrolet Camaro позитивно ги изненади сите.

Редизајнот на Chevrolet Camaro опфаќа благи промени на надворешноста кои што претежно најмногу се забележуваат на предниот дел каде што се истакнува поагресивниот изглед и новите ЛЕД светла.

Лесно може да се забележи дека кај новиот редизајниран Camaro, дизајнерите и инжинерите повеќе обрнале внимание на комбинацијата на изгледот и аеродинамиката.

Новиот Camaro пристигнува со нов инфотејнмент систем со 7-инчен екран со навигација, камера за помош при паркинг наназад, сензори за паркинг и слично.


Една од позвучните промени е кај погонскиот агрегат од 2.0-литарскиот турбо мотор кој што развива 275 коњски сили и има максимален обртен момент од 400 Nm. Со овој мотор доаѓа 6-степенски мануелен менувач, а засега нема информации за евентуален автоматски менувач.

Како што откриваат американските медиуми, почетната цена на новиот Chevrolet Camaro ќе изнесува околу 30 илјади долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг