Власта и опозицијата постигнаа договор за реформите во судството

Макфакс

16/04/2018

14:54

879

Големина на фонт

а а а

Работните групи на власта и опозицијата ги усогласија ставовите во врска со реформските закони за судовите и за Судски совет.

Собраниската Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците на седницата ги разгледуваше амандманите кои се носат без дискусија.

За првата точка, за предлог законот за изменување и дополнување на законот за судовите беа поднесени вкупно 14 амандмани од кои седум беа прифатени.

Разидувањата на владејачкото мнозинство и опозицијата беа во однос на дисциплинската постапка за судиите.

Еден од клучните амандмани предвидува зголемување основите за разрешување на судиите и тоа доколку не ги применуваат пресудите на Европскиот суд за човекови права и ако открива доверливи информации од процесите што ги работи.

Втората точка на дневен ред беше и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за Судски совет на РМ. По оваа точка беа поднесени осум амандмани и сите осум беа усвоени.

Овие два закона се дел од реформскиот пакет закони што беше планирано да бидат донесени пред објавувањето на Извештајот на ЕК за напредокот на Македонија.

На седницата присуствуваше и заменик министерот за правда, Оливер Ристовски.

Како точки на дневен ред на денешната комисија не се најдоа законите за кривична постапка и јавно обвинителство, бидејќи како што дознава „Макфакс“ за овие закони власта и опозицијата не се усогласиле.



Спонзорирани линкови

Маркетинг