Русите и Сиријците тврдат дека успешно ги собориле американските ракети: Погледнете колку има вистина во тоа...

Точка

16/04/2018

17:00

11.268

Големина на фонт

а а а

САД, Велика Британија и Франција во саботата наутро изведоа воздушни удари на објекти во Сирија за кои што постоеше сомнеж дека сириската армија ги користи за развој на хемиско оружје.

После нападот кој што беше изведен со борбени авиони, бомбардери, разурнувачи и подморници, американскиот претседател Доналд Трамп ја пофали армијата и ги пофали сојузниците, тврдејќи дека мисијата била успешно завршена.

Во изминатите неколку дена, руските медиуми тврдеа дека сириската против-воздушна одбрана успешно се справила со американските, британските и француските ракети, но се чини дека реалноста е поинаква.

На објавените сателитски снимки, јасно се гледа дека после нападот на САД и сојузниците, од објектите буквално има останато само... прашина.


Точно 76 проектили биле лансирани само на истражувачкиот центар „Барзах“ во северниот дел од сирискиот главен град Дамаск, а сателитските снимки објавени денес јасно покажуваат дека истражувачкиот центар за кој што постоело сомнение дека се користи за развој на хемико оружје е срамнет со земја.

Од Пентагон на брифингот во саботата после нападите, соопштија дека воздушните удари на САД, Велика Британија и Франција биле „прецизни, огромни и ефикасни“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг