Наскоро пристигнува и златен iPhone X

Точка

16/04/2018

14:33

1.676

Големина на фонт

а а а

Податоците на Apple од Федералната комисија за комуникација откриваат дека американскиот техно гигант наскоро ќе лансира и златен iPhone X.

Периодот од 180 дена доверливост на информациите на Apple во Федералната комисија за комуникација на САД истекоа, што значи дека на вљубениците во технологијата им е овозможен увид на уредот iPhone X во златна боја.

Златниот iPhone X изгледа ја има истата нијанса како и неговите претходници iPhone 8 и iPhone 8 Plus. Рабовите на телефонот се направени во златна боја, а сменета е и бојата на задната страна.


Покрај златниот iPhone X, преку Федералната комисија за комуникација е откриено дека Apple планира да претстави iPhone 8 и iPhone 8 Plus во црвена боја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг