Могерини: Западен Балкан е стратешки регион за Европа

Макфакс

16/04/2018

11:49

1.954

Големина на фонт

а а а

Министрите за надворешни работи на ЕУ на состанок во Луксембург ќе разговараат за европската иднина на Западен Балкан.

Шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини, најави дека тоа ќе биде размена на мислења за како со партнерите од Западен Балкан да се соработува за заедничка безбедност и просперитет.

Високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, во пресрет на Советот на министри во Луксембург, рече дека денешна дискусија ја смета за особено важна:

„Западен Балкан е стратешки регион за Европа. Тоа е Европа, иако сé уште не е целосно дел од ЕУ“, рече Могерини.

Таа објави дека утре попладне, по усвојувањето на извештаите за напредокот на земјите кои се во процес на евроинтеграција, ќе отпатува кон Западен Балкан.

Могерини во посета на регионот ќе биде до 19-ти април при што ќе ги посети Македонија, Црна Гора, Србија и Албанија.

Дискусијата на министрите за надворешни работи на ЕУ за Западен Балкан се одржува со цел да се подготват за претстојниот самит на ЕУ за Западен Балкан што на 17 мај ќе се одржува во Софија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг