Децата на Асад престојувале во детски камп на Крим: Кога им бил откриен идентитетот, не им биле дадени никакви привилегии

Точка

16/04/2018

11:32

9.787

Големина на фонт

а а а

Вработените во Артек не добиле известување за посетата на децата на Башар ал Асад.

Децата на сирискиот претседател Башар ал Асад пред извесно време престојувале во меѓународниот детски камп Артек на Крим, но немале никакви привилегии, рекол денес директорот на кампот Алексеј Каспржак. 

Вработените во Артек не добиле известување за посетата на децата на Асад, но и кога бил откриен нивниот идентитет, не им биле дадени никакви привилегии, пренесува агенцијата "Tas s".

"Ние знаевме кои се тие, но не добија никакви специјални услови. Кон нив се однесувавме како кон сите други деца", рекол Каспержак.

Во Артек доаѓаат многу деца чии родители се на високи функции и не се занимаваат со "обични работи", но вработените во детскиот камп не се однесуваат кон нив со некој посебен третман, рекол директорот.

Пратеникот во руската Дума, Дмитриј Сабљин, претходно на новинарите им рекол дека децата на Асад во 2017. година биле на распуст во Артек, за подобро да ја запознаат Русија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг