Жителите на Ѓорче Петров денеска на нови протести поради вчерашниот инцидент

Макфакс

16/04/2018

10:24

4.814

Големина на фонт

а а а

Жителите на Ѓорче Петров за денеска во 18 часот најавија нови протести поради вчерашниот инцидент, во кој автомобил удри 10-годишно дете. Според информациите, момчето имало внатрешно крвавење, напукнат череп и исчашување на едното рамо.

Очевидци за Макфакс изјавија дека во возилото имало маж и жена, кои веднаш по ударот, момчето го однеле на Ургентниот центар.

Непосредно по несреќата, стотина граѓани излегоа на протести пред Основното училиште „Мирче Ацев“. Тие велат дека повеќепати барале да бидат поставени светлосна сигнализација и легнати полицајци, но наишле на отпор од надлежните. Жителите се заканија дека ако се случи уште еден ваков инцидент, ќе го запалат цело Ѓорче.

Очевидци за Макфакс рекоа дека момчето ја минувало улицата на пешачки премин, а возилото се движело во споритвна насока, за да ги избегне дупките на патот.




Спонзорирани линкови

Маркетинг