САД ги отвори картите: Американците нема да ја повлечат војската од Сирија се додека не бидат остварени три цели!

Точка

16/04/2018

09:38

3.672

Големина на фонт

а а а

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Обединетите Нации, ги отвори картите - САД нема да ја напуштат Сирија!

Американската амбасадорка при Обединетите нации, Ники Хејли изјави дека Соединетите Американски Држави нема да ги повлечат своите сили од Сирија се додека не ги остварат своите цели, иако претседателот Трамп неодамна го изненади светот со најавата за повлекување на војската.

Хејли откри дека САД сега има три цели кои што мора да бидат остварени. Првата цел е да се обезбеди хемиското оружје да не се користи и да не претставува ризик за американските интереси, втората цел е пораз на Исламската држава, а третата цел е да се создаде добра позиција за надгледување на тоа што Иран го прави во регионот.

Нашата цел е „американските трупи да се вратат дома, но нема да си заминеме се додека не бидеме сигурни дека ги имаме остварено овие цели“, изјави американската амбасадорка во Обединетите нации.


Според нејзините зборови, Соединетите Американски Држави нема да разговараат „еден на еден“ со сирискиот претседател Башар Ал Асад.

Таа во интервју за американската телевизија "CBS" изјави дека Сирија досега одбивала да учествува во мултилатералните преговори како дел од политичкиот процес во кој што посредуваат Обединетите нации и додаде дека Русија треба да ја „испорача“ Сирија на преговарачката маса.

Американската амбасадорка исто така додаде дека „Сирија не е вредна“ за да има директни преговори со американските власти од Вашингтон, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.


„Нема да имаме директни преговори со Асад“, изјави американската амбасадорка Ники Хејли.

Да потсетиме, во ноќта од петокот кон саботата, американските сили заедно со своите сојузници - Франција и Велика Британија, извршија воен удар на територијата на Сирија, конкретно на објекти за кои што се сомнева дека режимот на сирискиот претседател развива хемиско оружје.

САД и сојузниците нападот го прогласија за целосно уништен, а сателитските снимки од објектите срамнети со земја најдобро го покажуваат тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг