Почина Милош Форман, легендарниот режисер на „Лет над кукавичјото гнездо” и „Амадеус”

Точка

14/04/2018

19:34

4.312

Големина на фонт

а а а

Милош Форман, филмскиот режисер, роден во Чешка, познат по класиците, „Лет над кукавичјото гнездо” и „Амадеус”, почина на 86-годишна возраст.

Ројтерс објави дека сопругата на Форман, Мартина, изјавила за CTK дека Форман починал вчера во САД по кратко боледување. Таа рече дека неговото заминување било "мирно и цело време беше опкружен со своето семејство и неговите најблиски пријатели".


Форман има режирано голем број филмови кои се паметат и ќе останат како класици во филмската уметност. Едни од најпознатите му се „Коса”, „Валмонт”, „Човек на Месечината”, „Лет над кукавичјото гнездо” и „Амадеус”. Сепак последниве два филмови се оние кои го ставија на листата најдобри режисери на сите времиња, а и му ги донесоа оскарите за најдобра режија и најдобар филм.

Форман беше претседател на жирито на Канскиот филмски фестивал во 1985 година и филмски фестивал во Венеција во 2000 година. Тој има два брака зад себе, најпрво со актерката Јана Брејхова (неговата главна актерка во филмот „Loves of a Blonde”), а потоа со Вера Крезадлова, мајка на неговите близнаци Петар и Матеј. Во 1998 година добил уште едни близнаци, Андреј и Џејмс, од неговата трета жена, Мартина Зборилова.


Се одјави уште еден легендарен режисер. Ти благодарам што беше дел од моите рокенрол почетоци со филмот „Коса”, за брилијантниот „Лет над кукавичјото гнездо” и мојот омилен, генијален, one of a kind „Амадеус” што не знам колку пати го имам гледано и секој пат се воодушевувам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг