Вистинска секс-бомба: Има 47 години и е финалистка на изборот за Мис Бикини

Точка

14/04/2018

18:24

17.448

Големина на фонт

а а а

Самохраната мајка Џина Стјуарт има четири деца и е една од финалистките за изборот “Мис Максим” 2018 година.

Русокосата секс-бомба успеала да засени многу помлади кандидатки на ова натпреварување, а со своето тело таа мамела воздишки особено кај посилниот пол. 

Никој не може да поверува дека Џина има 47 години.

“Единствена операција која сум ја направила во животот е операција на градите пред 10 години. Не користам ботокс и филери и верувам во достоинствено стареење. Искрено, нема никаква тајна. Јас ова не го правам поради внимание туку се обидувам да ги инспирирам жените да се поддржуваат едни со други”, изјавила Џина.

Згодната Стјуарт има над 40 илјади следбеници на Инстаграм.

Таа вели дека се надева дека ќе ја освои првата награда за да може да донира 10.000 долари за својата пријателка која неодамна доживеала инфаркт, а која има само 30 години.

Во пријавата за “Максим” Џина навела дека нејзини најдобри квалитети се смислата за хумор и грижата за другите луѓе, семејството и пријателите. Инспирацијата ја црпи од луѓето кои го одржуваат дадениот збор и кои остануваат позитивни без оглед на сите работи кои им се случуваат во животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг