„Адидас” продава еден милион парчиња патики направени од океанска пластика

Точка

14/04/2018

18:04

6.837

Големина на фонт

а а а

„Адидас” продолжува да прави чекори во борбата против загадувањето на океаните со пластика и ја проширува својата соработка со заштитниците на животната средина „Parley for the Oceans”.„Адидас” првпат почна да соработува со нив во 2015 година, кога го направија првиот прототип патики направени од океанска пластика собрана од брегот на Западна Африка. Направени од 95% океанска пластика, „Адидас” продолжи да ја проширува својата линија на Ultraboost, Ultraboost X и Uncaged патики.


За време на почетниот период во 2016 година, беа направени 7.000 пара. Поради успехот кој го доживеаја , тие произведоа и продадоа 1 милион парчиња во 2017 година. Во соработка со која се докажува дека рециклирањето не мора да биде немодерно, се вклучи дури и дизајнерката Стела Макартни, дизајнирајќи неколку парчиња женски Ultraboost патики.


Најновиот додаток на колекцијата, NMD_CS1 Parley Primeknit патики, имаат минималистички, лесен дизајн и се достапни за 220 долари. Секоја патика содржи рециклирана пластика колку 11 пластични шишиња, а исто така вклучува рециклиран ПЕТ.


Посветеноста на „Адидас” на здравјето на животната средина не застанува со патиките. Пред неколку години тие, исто така, ги отстранија пластичните кеси од сите нивни продавници и веруваат дека преку пример тие можат да ги направат своите клиенти посвесни за еколошките проблеми.


„Ние не ја гледаме одржливоста само како можност да добиеме конкурентна предност”, изјави извршниот директор Каспер Рорстед за „The Independent”. „Ние ова го гледаме како обврска за нас, како глобална компанија која води бизнис на одговорен и одржлив начин”.


На пат кон нивната крајна цел да ја заштитат животната средина и да ја отстранат пластиката од океаните, „Адидас” го покажува патот на останатите компании, односно им покажува на кој начин да ја интегрираат рециклирана пластика во нивните производите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг