„Dark Crimes” го повлекува Џим Кери во смртоносен подземен свет

Точка

14/04/2018

20:00

8.193

Големина на фонт

а а а

Првиот трејлер од филмот „Dark Crimes” е тука. Можеби не сте слушнале за „Dark Crimes”, или за лудата вистинска приказна која го инспирираше филмот, но сигурно сте слушнале за Џим Кери, кој ја толува главната улога. Кери не глумеше толку многу последниов период, но се враќа во многу сериозна улога како опсесивен полицаец, во она што изгледа како многу морничав крими - трилер.


„Dark Crimes”, првично насловен како „True Crimes”, се заснова на статијата од „Њујоркер” од 2008 година насловена како "Вистински злосторства: постмодерна мистерија за едно убиство". Режисерот Александрос Авранас ја прикажува оваа вистинска приказна, а Џим Кери е детективот кој станува опседнат со убиството.


Филмот се фокусира на еден полицаец по име Тадек, кој наоѓа сличности меѓу нерешеното убиство и злосторството во книгата на познатиот писател Кристов Козлов, кој го игра Мартин Чокас. Кога Тадек (Џим Кери) почнува да ги следи Козлов и неговата девојка, мистериозна работничка во секс-клуб играна од Шарлот Геинсбург, неговата опсесија расте и тој се спушта во криминално подземје, со цел да ја открие шокантната вистина. Трејлерот нормално не кажува многу, но навестува неколку пресврти кои треба да се случат.

„Dark Crimes” прв пат ќе биде објавен на 19 април на DirecTV пред да биде прикажан во одредени кино сали на 11 мај.



Спонзорирани линкови

Маркетинг