Словенец изградил временска машина и отпатувал во 45-тиот век

Точка

14/04/2018

00:06

15.877

Големина на фонт

а а а

Патување низ времето е нешто што повеќето луѓе мислат дека е можно само во книги и филмови научна фантастика, меѓутоа ... Еден Словенец тврди дека отпатувал во 45-тиот век, односно бил на Земјата во петтиот милениум (помеѓу 4001 и 5000 години) наша ера.

Човекот, кој  се претстави само како Давид, вели дека Никола Тесла отсекогаш му бил инспирација. Тој тврди дека пред осум години почнал да ја гради својата временска машина, како и дека за тоа време се сретнал со многу патници низ времето, низ целиот свет, кои му  помогнале да ја изгради машината.


"Додека работев на машината, јас го посетив целиот свет. Сретнав еден човек со повреда на главата, добиена од ласерско оружје. Друг човек ми покажа фотографија од 35-тиот век", рече тој.

"Во Франција, се сретнав со еден човек кој сам направил временска машина. Тој ми рече дека му биле потребни три години да ја направи, и од тогаш, патувал низ времето 40 пати", вели Давид.

После долгогодишни проучувања и консултации, Давид дизајнирал машина која изгледа како матична плоча од компјутер.


Патувајќи низ времето, се здобил со неколку повреди. Употребата на машината му задала  многу болки, а во една прилика тој бил ранет во главата. Давид вели дека проблемот со машина е што овозможува само патување во иднината, но тврди дека благодарение на тоа бил сведок на некои неверојатни нешта.

"Моето прво патување со временската машина траеше 20 секунди. Од тогаш секој следен пат патувањето беше се подолго. Видов многу интересни работи. Видов дури и вонземјани, кои живеат во нас. Комуницирав со луѓе од иднина", рече тој.

Давид тврди дека видел згради со повеќе од 500 катови и летачки автомобили.

"Многу би сакал да можам да ви кажам сè, но свесен сум дека мојот пронајдок може многу да повреди и да донесе зло", вели тој.


Јас мислам гледал премногу Доктор Ху.



Спонзорирани линкови

Маркетинг