Дали Corvette ZR1 може да го симне Porsche 911 GT2 RS од тронот на „Зелениот пекол“?

Точка

13/04/2018

17:30

3.572

Големина на фонт

а а а

Американците се сериозни во намерата да го симнат германскиот производител Porsche 911 GT2 RS од тронот на Нирбургринг.

Овој подвиг за Corvette навистина ќе биде тежок, затоа што асот на германски Порше постави време од импресивни 6 минути и 47 секунди. Сепак од Шевролет веруваат дека најновото издание ZR1 може да оствари подобро време на патеката позната како „Зелениот пекол“.

Corvette ZR1 под хаубата има фантастичен 6,2-литарски V8 мотор со суперполнач кој што развива импресивни 765 коњски сили. Силата на задните тркала се пренесува преку 7-степен мануелен менувач, додека исто така има опција и за 8-степенски автоматски менувач.


Corvette ZR1 исто така е опремен со електронски диференцијал со ограничено пролизгување.

Секако, Шевролет има богато искуство на патеката Нирбургринг со оглед на тоа што Camaro ZL1 1LE успеа да постави рекорд од 7 минути и 16 секунди со што е најбрзиот "Muscle Car" на Нирбургринг досега и конечно го сруши митот дека ваквите автомобили се брзи само на целна рамнина.


Нешто подобро време постави и сега веќе постарата верзија на Corvette - овој модел постави време од 7 минути и 14 секунди, но тој автомобил не го оствари тоа време со фабричкиот тим, туку тоа го направи тест возачот на германскиот магазин Sport Auto.



Спонзорирани линкови

Маркетинг