Матис: Верувам дека во Дума се користело хемиско оружје, но потребни се и докази од терен

Макфакс

12/04/2018

20:45

2.575

Големина на фонт

а а а

Американскиот министер за одбрана, Џејмс Матис, денеска во Конгресот изјави дека тој верува оти во Сирија се случил напад со хемиско оружје, како и дека САД сакаат инспектори да соберат докази на терен. Притоа Матис нагласил дека како минува времето, ваквата задача станува сè посложена и покомплицирана.

„Верувам дека се случил напад со хемиско оружје“, рече Матис во исказот пред Комитетот за вооружени сили предупредувајќи дека една од неговите најголеми грижи во врска со евентуален американски напад е ескалација на ситуацијата надвор од контрола.

Матис исто така ја обвини Русија дека е виновна што Сирија располага со хемиско оружје и покрај договорот во 2013 година за негово отстранување. Тој исто така рече дека Пентагон нема докази за употреба на хлор и нервен гас во сирискиот град Дума додавајќи дека засега единствените показатели за инцидентот се извештаите од медиумите и објавите на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг