Како да се победи парализата при спиење, морбидното чувство на немоќ помеѓу сон и јаве?

Точка

12/04/2018

19:11

6.995

Големина на фонт

а а а

Околу половина од светското население барем еднаш во животот доживеало парализа при спиење, а дури пет отсто од луѓето живеат со неа. Таа е придружена со халуцинации на кои луѓето не можат да реагираат.

Речиси секоја недела, д-р Жан Кристоф Терилон се буди и чувствува присуство на морничави, зли суштества крај својот кревет. Се обидува да се помрдне и да побара помош, но тој е парализиран, немоќен да ја крене раката или да пушти глас. Понекогаш чувствува дека нешто го извлекува од неговото тело или го влече низ тунел.


Сопствените застрашувачки искуства го поттикнале да ја проучува парализата при спиење, кој е сè почест феномен во светот.

Според последните истражувања, околу половина од луѓето во светот, доживеале барем една епизода на парализа во сон, во текот на својот живот, а кај пет отсто од нив таа е дел од секојдневниот живот. За жал, многу од нив ги чуваат овие искуства за себе мислејќи дека го губат разумот, но тоа не е знак на ментално растројство, туку нескладност меѓу соништата и реалноста.


Во текот на нормалниот сон, сите луѓе се парализирани. Тоа е природен механизам кој ги спречува да скокаат од кревет, да излезат низ врата или прозор, и да се повредат. Кај парализата при спиење, овој механизам трае неколку секунди подолго, па дури и неколку минути по будењето. Иако е многу непријатно, парализата при спиење е сосема безопасна.

Ако тоа не е правилно сфатено, може да предизвика вознемиреност или несоница затоа што луѓето се плашат да заспијат за да не мораат да се соочуваат со суштества од нивните будни соништа, кои можат да изгледаат како демони или суштества од друга планета.


Парализата при спиење е честа и кај мажите и кај жените. Таа е најчеста кај тинејџерите, можеби затоа што тие се најчесто ненаспани, а недостатокот на спиење може да придонесе до почесто јавување на парализа при спиење. Други причини за нејзината појава може да се, спиење на грб со лицето нагоре, зголемен стрес, нагли промени на околина или начин на живот, претерано користење алкохол или луциден сон што се случил непосредно пред епизодата.

Медицината сè уште не најде лек против овој феномен, а уште не е јасно што точно се случува во мозокот. Најдобар начин да се реагира е да не паничите, туку да се опуштите и да почекате да помине.



Спонзорирани линкови

Маркетинг