Средношколец повреден во тепачка

Нетпрес

11/04/2018

12:21

1.392

Големина на фонт

а а а

Средношколец бил повреден во тепачка со соученик, вчера пред Средното училиште „Боро Петрушевски“ во Скопје, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 12.45 часот кога Б.С. (17) од Сингелиќ, со тврд предмет го удрил во стомакот Ф.Р.(18) од село Арачиново.

Повредениот со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза”. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг