Тереза Меј обвинува: Русија ја овозможува агресијата на Асад, еве како!

Точка

10/04/2018

10:27

2.524

Големина на фонт

а а а

Сирискиот режим и "неговата поддршка, вклучувајќи ја и Русија", мора да бидат повикани на одговорност доколку се открие дека владата на Сирија е одговорна за наводниот напад со хемиско оружје во таа земја, изјавила британската премиерка Тереза Меј.

"Русија во претходните години со константната употреба на вето во ОН овозможува овие норми да бидат прекршени и ги отстранила механизмите кои нас ни овозможуваат да истражиме и да повикаме на одговорност за хемиските напади во Сирија. Ова мора да престане", рекла Меј. 

Таа рекла дека оние кои ги поддржуваат "бруталните дела на Асад и неговиот режим...мора внимателно да го разгледаат ставот кој го заземале".

"Настаните во Дума се вклопуваат во поширокиот проблематичен образец на делата на агресија и злоупотребата на долгогодишните меѓународни норми за употреба на хемиско оружје", истакнала Меј.

Новинската агенција "Interfax" вчера пренела дека руската војска соопштила дека не открила траги на хемиски напади во сирискиот град Дума, каде загинале десеттина луѓе. Министерството за одбрана соопштило дека лекарите на руската војска ги прегледале пациентите во болницата во Дума и дека не откриле симптоми на труење со хемиско оружје. 

Дума е последен град во областа источна Гута, кој е под контрола на бунтовниците и во него сириската војска во петокот започнала жесток напад, при што загинале десетина луѓе. Сириската бунтовничка група "Џаиш ал Ислам" во саботата ги обвинила владините сили дека фрлиле буре-бомба со отровни хемикалии на цивилите во Дума и навела дека притоа биле повредени повеќе од 500 луѓе. 

Западните медиуми пренеле дека десетина лица биле убиени во тој наводен напад со хемиско оружје. Сириската влада, меѓутоа, наводите за тој напад ги нарекла "измислици".

Агенциите "AP" и "Reuters" јавиле дека бројот на мртви е помал, околу 40, а "BBC" навел дека има дури 70 мртви, нагласувајќи дека никој независно не ги потврдил наводите за напад со хемиско оружје.

Американскиот претседател Доналд Трамп соопштил дека сирискиот претседател Башар Ал Асад ќе плати висока цена за хемискиот напад. Сириската влада негира дека извела било каков напад со хемиско оружје. 

Руското министерство за надворешни работи соопштило дека наводите за хемискиот напад се лажни и дека секоја воена акција преземена на основа на такви измислици би можела да доведе до тешки последици.




Спонзорирани линкови

Маркетинг