Лавров: САД уште долго планираат да останат во Сирија

Макфакс

09/04/2018

14:22

2.450

Големина на фонт

а а а

Експертите сметаат дека САД нема да ја напуштат Сирија и дека планираат уште долго време таму да останат, изјави шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров.

„САД преземаат чекори за да не заминат од Сирија, како што рече американскиот претседател Трамп, тие планираат да останат таму уште долго, сметаат експертите“ рекол Лавров, пренесе агенцијата Тас.

Лавров повика на детална истрага за ракетниот напад на сириската воена база Т-4.

„Постојат многу извештаи за тоа кој летал, а кој не летал“ истакна Лавров.

Според него, тоа што Вашингтон негирал дека воздушните напади не ги извела членка на меѓународната коалиција, уште еднаш покажува дека во Сирија станало премногу опасно.

Во воздушниот напад на сириската воздухопловна база Т-4 во провинцијата Хомс загинале најмалку 14 луѓе, соопшти сириската опсерваторија за човекови права со седиште во Лондон, која навела дека поголем дел од загинатите во нападот биле Иранци или припадници на групата која го поддржува Иран.

Руското министерство за одбрана претходно потврди дека зад нападот стои Израел.



Спонзорирани линкови

Маркетинг