Џафери: Велигденските празници нека донесат духовен мир и заедништво

Макфакс

07/04/2018

13:13

2.359

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска до христијанските верници од православна вероисповед упати честитка по повод Велигденските празници.

„Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, да Ви упатам честитка по повод големиот христијански празник, Велигден. Ви посакувам добро здравје, благосостојба и духовен мир, а бидејќи Велигден е празник на семејството и ближните, на сите верници им посакувам топлина во домот, лична среќа и љубов до своите ближни и до секој човек“, стои во честитката упатена од Џафери.

Во неа тој апелира на меѓусебно разбирање, почит и човекољубие меѓу сите кои живеат во Република Македонија, без разлика на верската или етничката припадност.

„Водени од оваа верба, треба да ги продолжиме воспоставените вредности во Република Македонија, почитување на верските различности и на религиозните посебности, афирмирајќи ги човечноста и начелата за мир и заедништво. Соживотот и религиското почитување се традиционални вредности меѓу сите граѓани, а наша должност е тие вредности да ги зачуваме и надградуваме. Честит Велигден и за многу години“, се вели во честитката на претседателот на Собранието.



Спонзорирани линкови

Маркетинг