Новиот крал на SUV класата или тотално промашување? Ова е најскапиот теренец на светот

Точка

03/04/2018

17:40

8.036

Големина на фонт

а а а

Доколку традиционалните SUV автомобили ви се монотони, а парите не се никаков проблем, тогаш неафирмираната компанија „Карлман“ може да ви понуди нешто сосема поинакво.

За два милиони долари, амбициозниот бренд на вашата адреса ќе испорача футуристички теренец кој што со својот стил неодоливо потсетува на возило кое што на филмското платно би го возел Бетмен.

Базиран на платформата на Форд која што ја користи „Ф550“, моќниот SUV на „Карлман“ под хаубата ќе има V10 мотор кој ќе развива 400 коњски сили.


Со оглед на тоа што масата со која што располага не е за потценување, максималната брзина на овој теренец чија што должина изнесува 5,990 милиметри, нема да ве импресионира, затоа што изнесува 140 километри на час.

По астрономската тарифа која што повеќекратно ги надминува сите SUV модели на пазарот „Кинг“ на „Карлман“ во поглед на опремата, до најситни детали ќе излезе во пресрет на вкусот и потребите на купувачите.


На барање на клиентите, од „Карлман“ соопштија дека ќе понудат и опција за нарачка „Кинг“ џипот да пристигне и со блиндиран оклоп.



Спонзорирани линкови

Маркетинг