ЕРТ: Димитров и Коѕијас ќе се сретнат следната недела, потоа е можен состанок и на премиерите

Макфакс

03/04/2018

12:41

1.262

Големина на фонт

а а а

Според информациите од државната грчка телевизија ЕРТ, нова средба во врска со спорот за името на министерско ниво ќе има по велигденските празници, односно во текот на наредната недела. Како можен датум за средбата на шефовите на дипломатиите, Никола Димитров и Никос Коѕијас, се наведува 12 април.

Грчката телевизија исто така информира дека доколку двајцата министри успеат да дојдат до суштински напредок во преговорите, набргу потоа би требало да се очекува и средба на премиерите на двете земји.

Инаку, според ЕРТ, на последниот состанок во Виена, на кој покрај Димитров и Коѕијас, присуствуваше и медијаторот Метју Нимиц, не бил постигнат значителен напредок во преговорите.

„Се чини дека северниот сосед не се согласува да прифати сложено име за сеопфатна употреба и уставни амандмани, но средбите на делегациите ќе продолжат и понатаму“, информираат од ЕРТ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг