Се крчка следната средба меѓу Коѕијас и Димитров

Макфакс

02/04/2018

11:39

695

Големина на фонт

а а а

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, следната недела повторно ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров, пишуваат грчките медиуми. Тие додаваат дека од денес Коѕијас ќе почне средби со лидерите на другите грчки партии за да ги информира за тековните преговори шт0 се одвиваа во Виена.

Коѕијас денес ќе се сретне со лидерот на Комунистичката партија, Димитрис Куцумбас, и лидерот на центристичката То Потами, Ставрос Теодоракис. Средбите на грчкиот министер ќе продолжат и утре со другите лидери на партии. Единствен што нема да се сретне со него е лидерот на конзервативната Нова демократија бидејќи тие не се согласуваат со повелбата за решение на спорот за името.

Последните информации што беа пласирани во јавноста говорат дека Грција сака име со ерга омнес одредница, односно грчките власти се откажаа од слеано име на кирилица без превод. Тоа значи дека Грција инсистира за промена на македонскиот Устав.



Спонзорирани линкови

Маркетинг