Нова национална телевизија 1ТВ: Гламур и нова свежина во телевизискиот етер

Точка

30/03/2018

13:51

16.850

Големина на фонт

а а а

Синоќа во просториите на новата национална телевизија „1ТВ“ (каде порано беше сместена продукцијата „Томато“) во присуство на стотина гости од политичкиот, новинарскиот, естрадниот свет, со голема забава, свечен коктел и богата музичка програма беше отворена новата национална телевизија „1ТВ“, која започна со емитување истиот ден во 19 часот.

 Зад „1ТВ“ стои „БМЈ“ компанијата во сопственост на Бојан Јовановски, кој со голема возбуда и ентузијазам пред сите гости најави дека телевизијата ќе донесе содржински богата програмата, која ќе оди во етер низ цела Македонија... 


"Нова платформа, нов медиум! Нова димензија во медиумскиот простор! Информативно-забавна програма и навремени информации!" – е официјалната најава за телевизијата каде содржината ќе ја создаваат познати новинарски имиња како: Ацо Кабранов, Анета Кочишки, Кирил Ефремовски, Гордана Дувњак, Тијана Дапчевиќ, Христијан Стојчевски, Дамјан Варошлија, Христијан Баневски, Васко Спасоски, Влатко Чаловски, Александра Филиповска... Секој одговорен за својот сектор и со уникатен пристап и концепт на емисиите.


Дворот на телевизијата вчера вечер беше преполн со гости, кои со здравица го пречекаа создавањето на новата телевизија. Уживаа во богатото мени на храна и напитоци и во музичката програма на која настапија многу познати имиња од македонската музичка сцена како: „Некс Тајм“, Виолета Томовска, Тијана Дапчевиќ (која имаше улога и на водител на манифестацијата, заедно со Наташа Мешковска) и на крај Владо Јаневски, кој ја промовираше и новата песна која наскоро ќе се врти на радиските бранови, а ги потсети гостите и на неколкуте негови големи хитови. Во оваа особено свечена атмосфера уживаа сите присутни, особено на крајот кога се сечеше и големата торта.


Екипата на „Точка“ улови неколку моменти и кадри од овој настан:

- Бендот „Некст Тајм“ пред настапот


- Во прегратка двете пејачки и диви - Тијана Дапчевиќ во особено елегантно издание од тантела и Виолета Томовска


- Меѓу гостите и министерката за образование и наука Рената Дескоска


- Стилистот Сергеј Варошлија секогаш во уникатен стил


- На свечениот коктел пристигна и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој со задоволство позираше пред камерата на „Точка“


- Пејачката Викторија Лоба во сигурна црна варијанта, долго едноставно сатенско сако и чевли со висока потпетица украсени со светкави камчиња


- ТВ водителката Лила Стојановска највпечатлива меѓу гостите во бела комбинација и со селфи на црвениот килим со својот син Филип


- Особено горд на новиот голем проект, Бојан Јовановски во маркантен стајлинг


- За нас позираа и Бојан и Марија од „Ај Кју“ бендот, кои годинава ќе ја претставуваат Македонија на изборот за евровизиска песна


Г.Н.М

Фото: Марко Маркоски



Спонзорирани линкови

Маркетинг