Вашингтон тврди: Москва нема оправдување за протерувањето на американските дипломати

Макфакс

30/03/2018

12:45

1.530

Големина на фонт

а а а

САД сметаат дека Русија нема оправдување за протерувањето на 60 американски дипломати и за затворањето на американскиот конзулат во Санкт Петербург. Стејт департментот соопшти дека со таквата одлука Москва покажува дека не е заинтересирана за дипломатија и дека Вашингтон го задржува правото да преземе понатамошни чекори.

„Според списокот кој ни е даден, јасно е дека Руската Федерација не е заинтересирана за дијалог за прашањата кои ги засегаат двете страни. Го задржуваме правото да одговориме“, рекла портпаролката на Стејт департментот, Хедер Нуерт, и додала дека Русија не треба да се однесува како жртва.

САД неодамна протераа 60 руски дипломати во знак на солидарност со Велика Британија поради труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија во англискиот град Солсбери. Иста одлука донесоа повеќе од 25 земји кои најавија протерување на повеќе од 150 руски дипломати.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, вчера соопшти дека Москва ќе протера пропорционален број на дипломати.



Спонзорирани линкови

Маркетинг