Учениците од „Нова“ истражуваа како магнетите влијаат врз течностите и како формата на падобранот ја менува брзината на паѓање

Точка

29/03/2018

10:44

2.693

Големина на фонт

а а а

Како магнетот влијае на различни течности; дали растојанието меѓу планетите во соларниот систем е пропорционално со растојанието на честичките во атомот и која е поврзаноста помеѓу кардиоваскуларниот и водоводниот систем.

Ова се само дел од истражувањата кои ги претставија учениците од меѓународното училиште „Нова“ на традиционалниот Саем на наука кој се одржа вчера во просториите на оваа образовна институција. Учествуваа околу 130 ученици, а саемот беше отворен за сите заинтересирани граѓани.  

Покрај веќе гореспоменатите проекти, учениците од шесто, седмо и осмо одделение презентираа и истражувања за тоа колку брзо се раствора витаминот Ц во вода загреана на различни температури, како дигестивните ензими влијаат на конзумираната храна, како формата на падобранот влијае на брзината на паѓање итн.


Задачата на учениците била да го следат научниот метод кој вклучува поставување на хипотеза, набљудување, експеримент, моделирање, истражување и анализа на податоците и голем број од младите научници дошле до одговори на многу интересни прашања.


- Оваа учебна година учениците започнаа со изучување на нов меѓународен интердисциплинарен курикулум кој ги поврзува сите предмети што се изучуваат и кој дополнително го поврзавме со Саемот за наука. Според тоа учениците од шесто одделение работат под мотото „Креативност“ и нивните истражувачки проекти се од областа на хемијата. Учениците од седмо одделение работат под мотото „Комуникација“ и нивните истражувачки проекти се од областа на биологијата, додека учениците од осмо одделение работат под мотото „Предизвик“ и нивните истражувачки проекти се од областа на физиката – појаснуваат од меѓународното училиште „Нова“.


Ова е веќе деветта година како се одржува Саемот на наука во оваа образовна институција, а целта е да се истакнат, развијат и надградуваат афинитетите кон природните науки кај учениците преку проекти кои нема да се базираат само на теорија туку и на практична работа. Голем дел од учениците во „Нова“, покрај тоа што го продолжуваат образованието на престижни факултети во странство, се одлучуваат да се фокусираат на различни областа во сферата на природните науки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг