Веспрем со казна за Манасков и соиграчите: Причината е поразот од 7 голови разлика против Скјерн

Дерби

27/03/2018

16:31

5.274

Големина на фонт

а а а

Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков заедно со своите соиграчи со кои настапува за тимот на Веспрем, се соочуваат со сериозна казна од страна на раководството на клубот. Причината е многу јасна, а тоа е поразот кој го заработија на гостувањето против тимот на Скјерн пред два дена.

На гостувањето, Веспрем беше понижен од тимот на Скјерн со резултат од 32:25, а со овој висок пораз од 7 голови разлика се соочуваат да бидат елиминирани во осминафиналето од Лигата на шампионите. Сите во клубот се свесни дека ќе мора да се надминат себеси ако сакаат да ја анулираат високата разлика и на крај да изборат пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Во соопштението испратено до медиумите се вели дека поради срамот кој е нанесен на клубот, кој е со четириесетгодишна традиција, раководството на Веспрем е приморано да постапи со ваква ригорозна казна, а тоа е намалување на платите на ниво на минималец.

– Веспрем е клуб со четириесетгодишна традиција, во кој клупската управа и градот заедно со навивачите постојано даваат поддршка на клубот како на домашно, така и на меѓународно ниво. Сите ние сме на став дека играта и пристапот на играчите како и последниот пораз со висока разлика од Скјерн, не се прифатливи за сите нас. Поради целата оваа ситуација, донесовме одлука платите на целокупниот играчки кадар и стручен штаб да бидат сведени на минималец до крајот на унгарското првенство, – пишува во соопштението на Веспрем.



Спонзорирани линкови

Маркетинг