Косовски медиуми: Тачи наредил да го понижат Ѓуриќ

Макфакс

27/03/2018

15:40

1.829

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Косово, Хашим Тачи наредил по апсењето на директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ да биде доведен во Приштина и да биде влечен по улиците за да го понижат.

Ова го напиша порталот „Газета експрес“, повикувајќи се на домашни и меѓународни извори.

Како што се наведува, Тачи претходно во својот кабинет ги повикал неговиот заменик, министерот за внатрешни работи и директорот на косовската полиција, давајќи им инструкции како да постапат на северот на Косово, каде биле успратени елитните единици на полицијата.

Изворот кој присуствувал на состанокот, за порталот изјавил дека Вучиќ телефонски го повикал Тачи и му се заканил дека ќе донесе војска до границата со Косово. По разговорот, Тачи и наредил на полицијата да го доведат Ѓуриќ до Приштина и да го понижат носејќи го како криминалец со лисици на рацете и наведната глава.

Меѓународни претставници за порталот реколе дека постои стравување оти вчерашните настани се сценарио за поделба на Косово.



Спонзорирани линкови

Маркетинг