Ѓуриќ со завои на рацете на состанок со Вучиќ

Макфакс

27/03/2018

13:55

2.074

Големина на фонт

а а а

Шефот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ, по апсењето и протерувањето од Косово се појави на состанокот со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, и претставниците на Српската партија со завој на раката.

Вучиќ и Ѓуриќ зад затворени врати разговараат за следните потези на Белград, но и на Српската партија, која најави дека ќе ја напушти косовската влада.

По состанокот се очекува Ѓуриќ за првпат да излезе со изјава по апсењето.

Српските медиуми објавија е-порака како доказ дека Канцеларијата за Ким на 23 март ја известила косовската Канцеларија за врски дека Марко Ѓуриќ планира да ја посети Косовска Митровица на 26 март.




Спонзорирани линкови

Маркетинг