Ова е новиот Фолксваген Туарег: Број 1 избор во премиум SUV класата?

Точка

26/03/2018

19:01

8.397

Големина на фонт

а а а

Пред неколку дена Германците и официјално во Пекинг ја претставија новата генерација на популарниот Туарег на Фолксваген.

Новиот Туарег пристигнува во поголеми димензии! „Изграден“ е врз познатата "MLB" конструкција врз која што се направени и Audi Q7 и Bentley Bentayga, што значи дека новата генерација на Туарег е за 77 милиметри подолга (4,878 мм), 44 милиметри поширока, а германскиот производител за подинамичен изглед се погрижи со симнување на Туарегот за 7 милиметри.

Надворешниот дизајн е прекрасен и веднаш може да се заклучи дека станува збор за сосема нова генерација на Туарег, посебно по прекрасните ЛЕД светла.


Зголемувањето на бројките на каросеријата значи дека има повеќе простор во внатрешноста, посебно на задната клупа, додека багажниот простор има капацитет од импреисвни 810 литри, односно дури 113 литри повеќе од претходната генерација.

Сепак, најдоброто од се, она што Германците при претставувањето го споменаа повеќе пати е тоа што новиот Туарег е „пренатрупан“ со нова опрема и врвна технологија. Дека е така, веднаш може да се види со новиот дигитален систем наречен "Innovision Cockpit". Дигиталните инструменти се перфектно вклопени во маската, а 12-инчниот екран и 15-инчниот "Discover Premium" уште на прв поглед предизвикуваат воодушевување.


Фолксваген никогаш не смее да разочара! Овој прекрасен „џин“ на Фолксваген под хаубата ќе има моќен V6 мотор. Ќе бидат достапни трилитарски дизелаши со сила од 231 и 286 коњски сили, а исто така најавен е и 4.0-литарски TDI V8 мотор со 421 коњски сили. Љубителите на бензинци ќе се задоволат со V6 мотор со сила од 340 коњски сили, а исто така ќе пристигне и хибридна plug-in верзија на новиот Туарег.


Наскоро новата генерација на Фолксваген Туарег ќе биде претставена и на саемите ширум Европа, а веќе на лето се очекува овој автомобил да се појави во продажните салони.




Спонзорирани линкови

Маркетинг