Фики Гаспар: Можам да го прочитам мозокот кај секого

Точка

26/03/2018

16:36

32.806

Големина на фонт

а а а

Амбициозноста и науката се негова најјака страна. Од мал се стремел кон целта, за денес да биде успешен во она што му било сон. Ова е човекот за чие име се поврзува и неурофидбекот како голем новитет кај нас.

Фики Гаспар е психолог чија приказна мора да се раскаже. Сакајќи да им помогне на сите кои имаат потреба од тоа, тој прави возможно од невозможното и успева во тоа. Запознајте ги Фики, психолог кој со талентот и шестото сетило ќе промени многу човечки судбини.  


Фики, за почеток да те запознае јавноста. Ти си психолог кој има за цел да го смени секојдневието кај сите оние кои имаат потреба од тоа. Деновиве се почесто се споменува методата наречена Неурофидбек. Кажи за што точно станува збор?  

Неурофидбек методата е доста позната и применувана во светот. Најчесто Европа и Америка ја користат оваа метода која ги отчитува мозочните бранови и влијае на нив. Исто така е позната како тренинг на мозокот или будно ЕЕГ. Самото име ни кажува дека работи на мозокот и дека има повратна врска. Баш таа повратна врска е терапевтскиот дел каде што ја правиме промената. Со помош на електроди кои се поставуваат на скалпот на главата се гледаа како работи мозокот.


Дали оваа метода е распространета во Македонија? 

За зал оваа метода не е распространета во Македонија, затоа е и мојата цел да ја запознаам јавноста со што е тоа неурофидбек и какви долготрајни бенефити можат да имаат од терапија со неурофидбек.

Кој најмногу има потреба од оваа метода?

Како тренинг на мозокот, методата опфаќа широк спектар на состојби, како на пример депресија и анксиозност, влијае на подобрување на сонот, намалување на стрес и релаксирање, концентрација, фокус и внимание, ја подобрува меморијата, кај децата помага да постигнат подобри резултати во училиште. Исто така се практикува кај лица со посебни потреби и развојни нарушувања, без разлика дали се работи за проблеми со говор, фина и груба мотрика, хиперактивност или АДХД. Kако што го тренираме телото така треба и мозокот да го тренираме. Исто така би кажал со здрав мозок, до здраво тело и здрав дух. 


Во центарот ,,Гаспар’’, освен методата Неурофидбек, има повеќе различни дејности кои можат да помогнат и влијаат на здравјето кај секој човек. Кои се најбарани и најпопуларни?

Во нашиот центар ние се погриживме да ги собереме неопходните специјалисти како логопеди, дефектолог, психотерапевт, физиотерапевти од кој едниот работи со квантна медицина и неурофидбек терапевт за целосно да се посветиме на потребите на клиентите. Логопедот и дефектолог со помош на неурофидбек терепијата даваат најдобар резултат кога се работи за работа со деца, додека масажата, психотерапијата, неурофидбекот и квантната медицина имаат за цел да се погрижат за повозрасните преку снижувањето на стресот од секојдневниот живот, релаксирање, помагање при депресивнианксиозни состојби исто како и доколку има потреба подобрување на концентрација, фокус, зајакнување на меморијата и мотивирање за подобар успех во секој план. Сите овие дејности си имаат своја група на луге кои имаат потреба и сакаат да напредуваат. Така да не би можел да издвојам што е најпопуларно.

Зошто баш одлучи да направиш центар кој ке биде склоп од овие дејности?

Додека работев како поединец со неурофидебек гледав дека мнозинството од моите клинети посетуваат специјалисти од овие дејност, потоа одлучив да пребарам дали има некаде во светот таков склоп. По некое време истражување а и разговарање со клиентите увидов дека најдобар и најбрз резултат се добива со комбинација. Тоа беше моментот кога одлучив дека мојата следна цел е да го постигнам ова или да создадам баш таков центар. Само тоа што во нашата држава не постои оваа комбинација бев дополнитено мотивиран за да успеам. Сега ни останува само да работиме и да им помогнеме на што повеќе луѓе кои ке ни побараат помош или совет.


Освен што се занимаваш со она што го сакаш, кој е Фики приватно?

Покрај љубовта према мојата професија, би можел да кажам дека сум голем авантурист. Возењето мотор, запознавање нови луѓе, посетувањето на нови места се работите во кои најмногу уживам. Во слободно време сакам да гледам некој добар филм, љубител сум на животни, тренирам тајландски бокс и се трудам да поминам што е можно повеќе време со фамилијата и пријателите. 

Каков баланс ти наоѓаш и дали го практикуваш неурофидбекот за себе си?

Уште од самиот почеток на мојата работа јас го практикувам неурофидбекот на себе. Некогаш е за зголемување на активност, некогаш е чисто за релаксирање и постигнување внатрешен мир. Со самото тоа што нема негативни ефекти и е 100 % безбеден правам третмани на себе секогаш кога сум во можност, некогаш и по повеќе пати на ден.


Што е она што ти беше пресудно да станеш психилог?

Психологијата како наука има за цел да ја разбере перцепцијата на човекот за светот а во тоа спагаaт: емоциите, мотивацијата, вниманието, карактеристиките на одредена личност како и растројства и патологија. Самата таа е многу распостранета и има голема примена. Потенцијалот на оваа наука ме влечеше да ја истражувам. Исто така психологијата е насекаде околу нас и ги допира скоро сите аспекти на животот. Сето ова комбинирано со можност да се помогне беше пресудно за да ја одберам оваа професија.

Твој совет за сите читатели на Точка?

За човекот да биде здрав покрај физичкото клучно е и психичкото здравје. Затоа обрнете внимание и на тој аспект и доколку мислите дека имате потреба од помош без разлика дали се работи за вас лично или за некој близок немојте да се плашите обратите се на луѓето кои се занимаваат со оваа работа. Тие се овде за вас и ќе направат се за да ви помогнат. Време е да ја подигнеме свеста околу овие дејности и самите тие веќе да не ни бидат табу. 


Велат со луѓе е најтешко, но од друга страна најбладородно да се работи посебно кога можеш да помогнеш. Раскажи за интересен пример или несекојдневна ситуација во работата?

Точно така, со луѓето е најтешко бидејки ниту една ситуација не е иста како и претходната, и затоа кога се работи на нешто и кога ке се постигне успех тоа е и најблагодарно чувство. Во однос на несекојдневна ситуација би можел да кажам дека во оваа професија нема секојдневи ситуации, секоја е посебна и остава впечаток. 




Спонзорирани линкови

Маркетинг