Откако беше откриено дека „Кембриџ Аналитика“ ги користи приватните информации на над 50 милиони корисници на Фејсбук, изби огромен скандал, а најголемата социјална мрежа на светот веќе и губи окорисници.
„Ова за нас е тешка ситуација и сакаме да ја повториме нашата посветеност на придржувањето кон условите според кои Фејсбук нуди услуги“, одговориле од „Кембриџ Аналитика“ во 2015-та година на прашањето на Фејсбук, тврдејќи дека агенцијата не собирала информации без дозвола на корисниците, ниту пак плаќала по долар за пристапот на профилот на секој корисник.
Од "Business Insider" дошле до посед до мејлот кој што го размениле претставници на Фејсбук и „Кембриџ Аналитика“ уште во 2015-та година кога всушност започнала аферата која што овие денови кулминираше со скандалот откако се дозна дека британската агенција нелегално ги користела податоците на 50 милиони корисници на Фејсбук.
Во елекронската кореспонденција од декември 2015-та година која што ја објави "Business Insider", една од директорките на Фејсбук, Алисон Хендрикс побарала од „Кембриџ Аналитика“ да ги објаснат тврдењата изнесени на порталите "Fortune", "Gizmodo" и "Mother Jones", а кои се однесуваат на текст претходно објавен во британски "Guardian", во кој што се тврдело дека републиканскиот кандидат Тед Круз за својата претседателска кампања ги користел услугите на „компанијата која што собирала податоци за милиони корисници на Фејсбук“.
Од "Guardian" тогаш објавија дека Тед Круз (кој на крајот загуби од Доналд Трамп, а Трамп подоцна стана претседател на САД), користи „податоци кои се темелат на психолошки истражувања кои што опфаќаат десетина милиони корисници на Фејсбук, податоци добиени без нивна дозвола“.
Било откриено дека компанија поврзана со „Кембриџ Аналитика“ собирала податоци на корисниците на Фејсбук плаќајќи им на луѓето преку Амазон по 1 долар за учество во квиз кој подразбирал и пристап до нивните профили на Фејсбук. Проблемот е во тоа што корисниците, овозможувајќи пристап до нивните профили, воедно ги откривале и податоците од профилите на нивните пријатели.
Станува збор за вообичаено делување на компаниите кои што се занимаваат со истражувања на пазарот, но Фејсбук тука е виновен затоа што дозволил корисниците преку корисничките поставки да бидат изложени на собирање на такви податоци.
Во одговорот од „Кембриџ Аналитика“ на мејлот на Фејсбук, тогаш било одговорено дека тврдењата на споменатите медиуми се невистинити.
„Ова за нас е тешка ситуација и сакаме да ја повториме нашата посветеност на придржувањето кон условите според кои Фејсбук нуди услуги“, напишал извесен Алекс од „Кембриџ Аналитика“, инсистирајќи на тоа дека агенцијата не собирала податоци од Фејсбук без дозвола од корисниците, ниту пак дека плаќала по еден долар за тоа.