Почина познатиот македонски рок-музичар Симеон Иванов – Канго

Точка

26/03/2018

14:11

12.113

Големина на фонт

а а а

Македонскиот рок-музичар и гитарист, Симеон Иванов – Канго денеска почина на свои 67 години, по долго боледување.

“На денешен ден, 26-ти март 2018 година почина нашиот сакан и почитуван творец, патриот и уметник Симеон Иванов Канго! Нашиот сопруг, татко и дедо. Бог да го прости, со сочувство од фамилијата”, е напишано на неговиот Фејсбук профил. 

Канго е основач на културното движење „Мактеон“ кое има за цел да ја промовира македонската нација, култура, јазик, земја, а особено античко-македонското наследство на денешниот македонски народ.

Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг