Соборен нов рекорд - 12 дена пешачење преку замрзнатото и најдлабокото езеро на светот!

Точка

24/03/2018

19:29

8.114

Големина на фонт

а а а

Не само што за време на патувањето беа жртви на силните немилосрдни ветрови, туку и во остварувањето на целта ги успоруваа торбите кои биле тешки од 37 до 70 килограми кои мораа сами да ги влечат.

Мајкл Стивенсон, Роб Тригвел и Скот Гилмур го соборија светскиот рекорд за најбрзо поминување на замрзнатото Бајкалско езеро во зимски услови. Тројцата Британци ја остварија својата цел на 14 март оваа година, после 12 дена, 21 час и 13 минути неверојатно студено патување долго 636 километри. 


Најстарото и најдлабокото езеро е сместено во азискиот дел на Руската федерација. Долго е 636 километри, а широко 80 километри. Од јануари до мај е замрзнато, а температурите варираат од - 30 до -10 степени Целзиусови.

Секој од нив носел своја залиха со храна за 16 дена, сите неопходни работи и отпад, со тежина од 37 до 70 килограми по лице. Во просек тие се движеле 4 километри на час, а секој ден јаделе од 5000 до 6000 калории.


Иако Британците беа тренирани од стручњаци за издржување на поларните студови во Шведска, Роб Тригвер тврди дека од физичката подготвеност поважна е психичката.


"Ова е психичка игра, а добар дел од патот мораш да се бориш против досадата. Иако си заедно со други луѓе, всушност си сам. Опкружен со сопствените мисли. Кога ќе ми се случеше тоа, ги ставав слушалките на уши и слушав музика два до три часа за да го стимулирам мозокот", вели Тригвел за Дејвентри Експрес.


Мајкл, Роб и Скот спиеле во шатори, а најтешки им биле последните 135 километри кои ги поминале за 36 часа.





Спонзорирани линкови

Маркетинг