Новите филмови Матрикс ќе ја прошират франшизата во заеднички универзум

Точка

24/03/2018

00:15

6.188

Големина на фонт

а а а

Кога пред речиси една година беше објавено дека Ворнер Брос работи со сценаристот Зак Пен на можен Матрикс 4, фановите негативно одговорија на оваа вест. Потполно се согласувам со нив. Трилогијата си е совршено заокружена како целина и нема потреба од никакви пред-потоа делови, меѓу делови, одделни универзуми итн. Но веќе се навикнавме да ни ги уништуваат омилените франшизи, па зошто да не и оваа.

Да продолжиме понатаму. Додека сценаристот го промовираше својот следен филм Ready Player One, чија премиера е на 29 март, откри дека неговите планови за овој нов проект вклучуваат проширување на веќе постоечкиот Матрикс универзум. Ова е неговата изјава:

„Сега работам на Матрикс. Што е... во фаза на развој. Тоа е франшиза која очајно сакам да ја вратам назад, и не можам да споделувам премногу детали, но веќе со години ги малтретирам Ворнер Брос  да се обидеме повторно да ја вратиме, така што тоа е едно нешто на кое работам, покрај останатите. Ќе се борам со луѓе кои не разб... видете, мислам дека ОАСИС (меѓусебно поврзаниот виртуелен простор во Ready Player One) е сличен, и Матрикс и ОАСИС се слични во тоа што се брилијантни идеи за универзуми. Кога се рашири муабетот за Матрикс, луѓето велеа „Ох не, ќе го продолжат Матрикс”, а јас бев како „Зошто да не, не сум луд”. Сакам да кажам, Матрикс и понатаму е еден од моите омилени... ”

Откако излегоа првичните информации минатиот март, имаше исто така информација дека студиото сака да го земе Мајкл Б. Џордан да ја игра помладата верзија на Морфеус, легендарниот лик кој го играше Лоренс Фишбурн во оригиналната трилогија на Матрикс. Додека сето ова не е сè уште потврдено, Зак Пен исто така се „шегуваше” дека овој нов проект, без разлика дали станува збор за продолжение, претходник на франшизата или нешто сосема друго, може и да не ги содржи истите ликови од оригиналната трилогија.



„Бев на премиерата и си реков ова е подобро отколку што очекував. Мислам дека тој универзум е фасцинантен, мислам дека ОАСИС е како акција-комедија верзија од Матрикс и не мора секогаш да се истите ликови, може да се отиде во многу различни насоки, така што... ”

Сè уште не се знае дали студиото навистина ќе ја развие оваа идеја, нема информации за тоа дали Зак Пен ќе го пишува сценариото и кој би бил режисер. Да се надеваме дека сево ова ќе остане неостварена желба на Зак Пен. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг