Фрлени 100 тони сол на градските сообраќајници

Макфакс

23/03/2018

11:26

276

Големина на фонт

а а а

Изминатово деноноќие екипите на зимската служба на Град Скопје интервенираа на градските сообраќајници и фрлија 100 тони сол. Градот соопшти дека сите градски сообраќајници се чисти и проодни.

„Интервенирано е на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони, како и на сите други таканаречени ‘црни точки’ во градот и критичните точки на градските сообраќајници. И во текот на денешниот ден екипите на зимската служба будно ја следат состојбата на градските сообраќајници и ќе интервенираат според потребите согласно со условите на теренот. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите“, стои во соопштението што го испрати Град Скопје.

Градот посетува дека во нивна надлежност се булеварите и поголемите градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување. Апелираат до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани кога ќе падне снег да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.



Спонзорирани линкови

Маркетинг