Застрашувачки прогнози: Претходните три години најтопли во историјата, а еве што нè чека во 2018.

Точка

23/03/2018

09:46

7.250

Големина на фонт

а а а

Претходните три години биле најтопли во историјата на мерењето со топлотни бранови во Австралија, арктичка топлина и недостиг на вода во Кејптаун, а временските екстреми ќе продолжат и во 2018. година, објавиле од ОН.

Атлантските урагани и монсунските дождови во Кина довеле до тоа 2017. година да биде најскапа година во историјата кога ќе се собере штетата настаната од екстремните временски прилики, стои во годишниот извештај на Светската метеоролошка организација за глобалната клима. 

"Оваа 2018. година почна таму каде што застана 2017. година, со екстремни временски услови кои носат човечки животи и уништуваат имоти", напишал во извештајот главниот секретар на WMO, Петери Толес.

Истражувањето ги потврдило постарите заклучоци дека 2016. година најтопла во историјата на мерењето, а 2017. и 2015. биле на второ место. Тоа го потврдува и трендот на загревање за кој WMO ја криви емисијата на гасови.

Кога станува збор за 2018. година досега се покажало дека "Австралија и Аргентина ги погодуваат екстремни топлотни бранови, сушите продолжуваат во Кенија и Сомалија, а Кејптаун се бори со недостиг на вода", стои во извештајот.

Толес предупредил дека необично се високи и температурите на Арктикот во 2018. година, во спротивност со жестоките зимски олуји во Европа и Северна Америка.

Речиси 200 држави во 2015. година се обврзале дека својата економија ќе ја "оттргнат" од фосилните горива, во рамките на Парискиот климатски договор.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој не верува дека ефектот на стаклена градина е главна причина за загревањето на планетата и се сомнева во теоријата за глобалното затоплување, најавил повлекување од парискиот договор, а и понатаму во Америка промовира употреба на гас, нафта и јаглен.




Спонзорирани линкови

Маркетинг